Уште утре сончево, од понеделник облачно со дожд и засилен јужен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).