Уставни измени без албанскиот јазик? БЕСА и Алтернатива ќе настојвуаат до крај со нивните барања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите условувања кои доаѓаат од албанските опозициски партии се само за дневна политика, вели министерот Бујар Османи. Според него, албанските партии ќе гласаат за уставните измени, а што се однесува до укинувањето на 20% како дефиниција за албанскиот јазик, вели дека тоа е само дефиниција во Уставот која нема врска со употребата и не влијае во пракса.

„Тоа што ја држи силна ДУИ сите овие години е конзистентноста во политичките ставови. Луѓето забележуваат дека ги менувате ставовите како што ви одговара, додека беа во Влада, Владата е добра. Излегувате од Влада, ДУИ не чини, влегува друга партија во Влада, ДУИ е добра. Ќе гласаат за уставните измени, ќе гласаат. Но, овие ставови им наштетуваат. Во ред мене ми одговара да се покажат толку сериозни во ставите но не е добро за општиот изглед на државата.“, рече Османи.

Во врска со ваквите тврдења, ТВ21 побара став и од албанските партии. Но, ниту едните ниту другите не одговорија точно дали ќе гласаат или не за уставните измени без условите што ги поставија.

„Од партијата во црната листа на САД не можеме да очекуваме ништо повеќе, тие не можат ниту да го туркаат интеграциониот процес ниту да ги исполнат барањата на Албанците бидејќи приоритет им се криминалот и корупцијата. Движењето БЕСА е принципиелна во своите позиции, очекуваме Владата како официјален предлагач на уставните измени да го вгради нашето барање за отстранување на понижувачкиот термин 20% за Албанците и да се замени со албански јазик. Стоиме до крај во нашето барање бидејќи тоа е фер и легитимно барање.“, велат од БЕСА.

„Изјавите на „Нон-грата и Соравија“ за нас воопшто не се важни. Ако имаат што да кажат за тоа како се станува дел од американските црни листи или како се купуваат трговски центри на 25 години, тогаш може нешто да се научи од нив. Што се однесува до уставните измени и интеграцискиот процес, ние како Алтернатива силно стоиме во убедувањето дека е многу погрдно што албанскиот јазик продолжува да се дефинира со тие понижувачки термини и во исто време до крај ќе инсистираме да се вметне во уставот амандманот за борба против политичката корупција.“, истакнаа од Алтернатива.

Според Османи, ДУИ никогаш не направила компромис со употребата на албанскиот јазик, додека оценува дека во моментов интеграцијата во ЕУ е посуштинска за самите Албанци отколку дефинирањето на албанскиот јазик.