Измените во КЗ ќе чини многу пари од државниот буџет, изјави во Клик Плус претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска. Таа појасни дека предметите траат со години, а некои од нив сега ќе застарат а со тоа обвинетите можат да бараат пари за судските трошоци.
Кацарска рече дека е изненадена од тоа што опозицијата не ги спречи измените во КЗ.
До Уставен суд се поднесени две иницијативи за измените во КЗ за кои Кацарска рече дека ќе се разгледа уставноста на овој закон.
За измените во КЗ пред неколку дена упатија критики и од Советот на обвинители и од Судскиот совет бидејќи никој не ги консултирал за направените измени. Тие упатија критики и за нетранспарентност и брзината со која е усвоен законот.
