На 22 јануари се очекува во Македонија да дојде Џејмс О Брајан, заменик државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
Неофицијално, меѓународниот фактор инсистира да се потпише „нон папер“ од албанските партии дека нема да влезат во коалиција со ниту една партија која јавно нема да излезе и да се залага дека првите 6 месеци од новиот мандат ќе ги усвои уставните измени.
ТВ21 ги праша албанските партии дали би прифатиле да потпишат таков „нон папер“. Од ДУИ одговорија позитивно, со кратко „ДА“.
Од Алијанса за Албанците велат дека токму уставните измени биле причината поради која и дале 1 година на оваа власт.
„Алијанса за Албанците биле конзистентни во обезбедување на европската перспектива на нашите граѓани, за што последниот чекор е усвојувањето на уставните измени. Поради таа цел и дадовме и 1 година плус на актуелното мнозинство за да и дадеме можност токму на уставните измени, а јавно сме кажале дека тоа ќе биде црвената линија за следните коалиции“, вели Алијанса за Албанците.
Од ЕСП велат дека нема „нон папер“ и дека не гладат потреба да потпишат такво нешто со ДУИ.
„Не гледаме потреба да потпишеме некаков документ заедно со ДУИ, кои и од меѓународниот фактор се оценети како главна пречка на ЕУ интеграциите“, порачаа од ЕСП.
Истовремено, неофицијално дознаваме дека меѓународниот фактор побарал од албанската опозиција да не излезат со кандидат за претседател и нивниот фокус да биде само во парламентарните избори.