Утре јавна седница за „Алфа“ по оваа седница во Апелација, се отвара патот за повторно судење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре Апелационен суд ќе одржи отворена седница за случајот Алфа. Се очекува да се одлучува во врска со жалбата од одбраната која претендира дека осудениот Алмир Дрпљанин не е вмешан во овој случај. Утрешната одлука на Апелација го отвора патот предметот Алфа за Агим Ислами и веќе починатиот Реџаиљ Ќерими да добие повторно судење. Адвокатот Асмир Алиспахиќ очекува второстепениот суд да одлучи во врска со поднесените жалби од одбраната.

Според законот за кривична постапка, судиите од Апелација имаат право за жалбите да одлучат во текот на денот или следните денови, рече Алиспахиќ, појаснувајќи дека вака нема законска обврска одлуката да се донесе утре. Според адвокатот, новото вештачење докажува дека осудените се невини и дека Кривичниот суд треба да одлучи за враќање на случајот на повторно судење.

Пред извесно време од Кривичен суд изјавија дека веднаш по враќање на предметот од втор на прв степен, Советот ќе одлучи за процесирање на предметот. И екс обвинетиот во случајот Алфа, Рамиз Даути смета дека предметот веднаш треба да се врати на повторно судење.

„Одлуката треба да се донесе веднаш бидејќи од денот кога го поднесовме барањето за повторно судење заедно со форензичкото вештачење во Основниот суд, поминаа неколку месеци и мислам дека од утре предметот е слободен и комплетиран како предмет, треба да се формира судска комисија и да се донесе одлука за повторно судење на случајот“, вели Даути.

Во јуни минатата година, одбраната до Кривичен суд достави форензичко вештачење изготвено во Србија, бидејќи на роднините им беше речено дека бирото за вештачење на Северна Македонија не поседува ниту кадар ниту техника за вршење на таква експертиза. Според вештачењето, осудениот Агим Ислами и веќе починатиот Реџаиљ Ќерими, се осудени врз основа на незаконски и наместени докази. Настанот од 2008, кога еден полицаец од единицата Алфа беше убиен, за што судот во 2010 ги осуди на доживотен затвор веќе починатиот Реџаиљ Ќерими, Агим Ислами, а Алмир Дрпљанин беше осуден во отсуство.