По месец и пол, утре за прв пат ќе се отворат стоматолошки ординации.
Стоматологот Беким Сали ја подготвува својата ординација за да ги пречека своите пациентите.
Носејќи заштитна опрема, докторот рече дека пациентите кои ги посетуваат немаат можност да носат маски поради интервенцијата, но добро е да носат барем ракавици.
„Поради тоа што работиме во устата, не може да се носи маска но се препорачува носење на ракавици.“, рече Сали.
Новина за лекарите во текот на пандемијата Ковид-19 се скафандерите.
Сега доаѓа делот на визирот или заштитната маска за здравствените работници. Во ваква состојба ќе ги сретнете сите стоматолози. Сега сме подготвени за работа.
Пред да се примат пациентите треба да се дезинфицираат инструментите за работа.
Инструментите треба да се пакетирани, стерилизирани во оваа форма, пред секое користење се отвора.
Иако не работел, Сали вели дека често ги советувал пациентите преку телефон. Тој има околу 18 вработени и вели дека ниту еден од вработените не е отпуштен и немал проблеми со исплата на платите.
-Ние ќе работиме од 8 часот до 18 часот, значи еден час пред полицискиот час. Прилагодувајќи се со полицискиот час, така ќе го зголемиме и нашето работно време. Треба да се врши дезинфекција на чевлите на пациентите, значи еден сунѓер со средство за дезинфекција. Рацете треба да се чистат со гел кој содржи алкоол. Уште еден дополнителен елемент кој го немавме порано, отстранување на сите непотребни работи додека се работи со пациенти.-изјави Сали.
Комисијата за заразни болести состави посебен протокол со правила за однесувањето на стоматолозите на работното место и за пациентите. Некои од обврските се:
„Вработените со слични симптоми со Ковид-19 или кои имале контакт со заразени пациенти не треба да дојдат на работа. На медицинскиот тим да и се мери температурата пред да почнат со работа. Температурата треба да им се мери и на пациентите кои доаѓаат на преглед. Временската дистанца за прием на пациентите треба да биде најмалку 30 минути, додека да се дезинфицираат средствата за работа и просторот. Во текот на чекање ред пациентите треба да држат дистанца од 1.5 метри.“, соопштуваат од стоматолошката комора на РСМ.
Според протоколот, се препорачува пациентите да не носат непотребни работи при посета на стоматолог.
„Во текот на посета на стоматолог одбегнувајте носење на нараквици и друг накит, телефони и чанти. Секоја ординација треба да има посебно место за оставање на овие предмети.“, вели репортерот на ТВ21.
Комисијата за заразни болести препорачува на почетокот да се третираат само полесните стоматолошки интервенции.
Инаку, на 27 март, Владата одлучи привремено да се затвараат стоматолошките ординации, поради Ковид-19. Од утре граѓаните ќе можат да одат кај стоматолог.
Ургентните случаи досега беа третирани во поликлиниките во Град Скопје – Јане Сандански, Ѓорче Петров и Бит Пазар.
