Утре почнуваат преговорите меѓу САД и Украина, Зеленски нема да биде на средбата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Делегација на американски претставници денеска замина за Саудиска Арабија, каде утре ќе се разговараат делегациите, предводена од американскиот државен секретар Марко Рубио и главниот соработник на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Киев е подготвен да предложи прекин на огнот на море и на небо за време на состанокот за прекин на огнот, изјави украински претставник.

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека верува оти разговорите ќе резултираат со „голем напредок“.

Рубио сугерираше дека САД се надеваат дека ќе ја отстранат блокадата за испраќање воена помош за Украина, но ги намали очекувањата дека договорот за минерали – долго време се сметаше како клучен услов за учество на САД во прекинот на огнот – може да биде потпишан утре.

Зеленски денеска пристигна во Саудиска Арабија, но нема да учествува на средбата. Утре се враќа во Украина.