Утре пристига втората пратка вакцини од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утре на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.

Настанот ќе се одржи во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.