Утре пристигнуваат вакцините од Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утре во 10 часот на граничниот премин Табановце пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија, информира владината прес-служба.

Од Владата најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но беше одложено поради технички причини.