Утре сите приоди кон Собранието ќе бидат блокирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест со блокада пред Собранието на 10 февруари 2026 година со почеток во 9 часот, на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Одлуката е донесена од Претседателството и Советот на ССМ, согласно Законот за јавни собири.

Од ССМ велат дека пратениците цела година не се изјасниле за нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари.

Според синдикатот, додека работничките барања се игнорираат, функционерските плати бележат значителни зголемувања.

ССМ ги повикува пратениците да гласаат за зголемување на работничките плати и за намалување на функционерските примања, во спротивно најавува собирање на 10.000 потписи за покренување иницијатива.

За време на протестот ќе биде овозможено непречено движење на службите за итна помош, полицијата и противпожарната бригада.