Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. T=10°C. P=978hPa. U=75%. V=2m/s.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
