Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во Скопската и Кумановската котлина ќе има значителна ниска облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претпладне ќе има значителна ниска облачност. Во текот на денот облачноста ќе се намали. T=10°C. P=982hPa. U=80%. V=2m/s.
Утре во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.
