Утре замрзнуваат цените на хигиенските производи, граѓаните му се пожалија на премиерот дека мерките не се доволни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојде во контрола на цените и за да најави нови замрзнувања на цените на хигиенските производи, но премиерот Димитар Ковачевски наиде на критики од неколку граѓани кои пазареа во моментот.

Во својот одговор, премиерот рече дека Владата применува практични политики, затоа соопшти дека на утрешната владина седница ќе бидат замрзнати и цените на хигиенските производи а се прават анализи и за цените на овошјето и зеленчукот.

Фактот што излегуваат на терен, според премиерот докажува дека владата ги слуша граѓаните, а негираше дека инспекциите се прават заради лична ПР кампања.