Утрово 0 степени измерени во Лазарополе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Лазарополе со измерени 0 степени.

Следуваат: 1 степен во Крушево, Маврови Анови, 4 во Охрид, Претор, Прилеп, 5 во Битола, Куманово, 6 во Крива Паланка, Тетово, Берово, 7 во Скопје-Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Виница, 8 во Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 9 во Гевгелија, 10 во Струмица.

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. На повисоките планини на северозапад врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 13 степени.