МВР соопшти дека на ГП Блаце бил приведен 23-годишен албански државјанин, по кого имало распишано потерница од Интерпол.
„На 19.10.2020 во 08 часот на Граничниот премин Блаце е приведен
З.А. (23) од Република Албанија, затоа што се барал по потерница
од Интерпол- Германија. По приведувањето, почната е постапката
за одредување на екстрадициски притвор за лицето“, се вели во соопштението на МВР.
