Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -16 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска утрото земјата се разбуди со исклучително ниски температури, а најстудено било на Попова Шапка каде утринскиот минимум достигнал -16 степени Целзиусови. Во Маврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, во Пожаране -12, додека во Крива Паланка температурите паднале до -11 степени.

Температури од -10 степени утрово се забележани во Ѓуриште и Берово, додека -9 степени имало во Тополчани, Битола, Прилеп и Охрид. Во Виница, Претор, Тетово и Струмица утрото донесе -8 степени, а -7 степени се измерени на Скопје-Петровец. Во Штип и Демир Капија се забележани -6 степени, а -5 степени во Куманово, Кавадарци, Велес и на Скопје-Зајчев Рид. Најтопло утрово било во Гевгелија со -1 степен.

Во изминатите 24 часа до 07 часот се измерени и минимални количини наврнат воден талог: 2 литри на метар квадратен во Крушево и по 1 литар во Охрид, Маврови Анови, Битола и Берово.

Снег има претежно на повисоките планини. На Попова Шапка снежната покривка достигнува 26 сантиметри, во Крушево 15, на Ѓуриште 5, а по 2 сантиметри се измерени во Тетово и Берово.

Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а на моменти долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Максималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а претпладне и повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 1 степен.