Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -5 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -5 степени.

Следуваат -4 Крива Паланка, -3 Скопје-Петровец, Демир Капија, -2 Битола, Kрушево, Кавардарци, Куманово, Маврови Анови, Струмица, Прилеп, -1 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Берово, 0  Претор, Охрид, Тетово, Виница, 2 Гевгелија.

Висината на снежната прекривка изнесува 34 см на Попова Шапка, 18 Крушево, 11 Маврови Анови, 4 Берово, 1 Ѓуриште.

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.