Утрово најстудено во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено во Берово каде се измерени 4 степени.

Следува 5 степени Лазарополе, Попова Шапка, 7 во Прилеп, Крушево, Маврови Анови, 8 Битола, 9 Крива Паланка, Претор, Штип, Демир Капија, Кавадарци, 10 Тетово, Охрид, Виница, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 13 Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија.  

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и намалена хоризонтална видливост до 50 метри. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината магливо. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.