Утрово најстудено во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минималната температура утрово се движеше од 0 до 6 степени. Најстудено со 0 степени беше во Берово и Маврови Анови, додека 1 степен е измерен на Попова Шапка, во Битола, Струмица, Демир Капија и Претор.

Со 2 степени утрово беа Гевгелија и Охрид, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Велес, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Штип.

Четири степени се измерени во Тетово и Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, додека највисоки утрински 6 степени се регистрирани во Виница.

На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 74 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, при што дневната температура ќе достигне до 19 степени.