Утрово најстудено во Берово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најниската температура во земјава е измерена во Берово, каде што се спушти до -3 степени. Под нулата било и на Попова Шапка со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Маврови Анови.

Со 1 степен утринска температура се Крива Паланка, Струмица, Крушево и Лазарополе, додека во Битола се измерени 2 степени. Во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Претор, Штип, Куманово и Кавадарци утринската температура изнесувала 3 степени.

Четири степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, Демир Капија, Виница и Гевгелија.

Снежна покривка има на Попова Шапка, каде што се измерени 50 сантиметри снег.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 13 степени.