Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово и на Попова Шапка каде е измерено -5 степени.

Следуваат и -4 Битола, Маврови Анови, Демир Капија, Крушено, Крива Паланка, Скопје – Петровец, -3 Струмица, Претор, Штип, Прилеп, -2 Велес, Охрид, Тетово, Виница, -1 Скопје – Зајчев Рид, Пожаране, Тополчани, 0 Ѓуриште, Гевгелија.

Претпладне претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.