Утрово најстудено во Берово, измерени -1 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -1 степен.

1 степен има во Крива Паланка, 2 Тетово, Битола, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Штип, Кавадарци, Крушево, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница, Гевгелија.

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.