Утрово најстудено во Берово, измерени 3 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово, каде утринската температура е измерена дури 3 степени.

По Берово, следуваат и 6 степени во Крива Паланка и Крушево, 8 во Виница, Штип, 9 во Охрид, Претор, 10 во Куманово, Битола, Демир Капија, 11 во Скопје – Петровец и најтопло со 12 степени во Тетово.

Денеска се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 22 степени.