Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени.
Веднаш по него следуваат Битола со -2 и Струмица, Демир Капија, Тетово со -1 степен.
0 степени има во Велес, Лазарополе, 1 во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија, Штип, Маврови Анови, 2 во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, 5 во Виница, Крушево.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.
Во Скопје, сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
