Берово со -4 степени беше најстуден град утрово во Македонија. Тоа беше и единствено место каде беа измерени минусни температури. Во Крива Паланка, Струмица и Маврово беше нул степени, во Скопје и Демир Капија 1 степен, додека во Прилеп, Битола, Тетово, Крушево и Претор беа измерени два степени.
Најтопло беше во Гевгелија, каде беа измерени девет степени.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје сончеов со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
