Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени -4 степени Целзиусови, -3 степени на Попова Шапка, а -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица. Минимална температура од -1 степен е регистрирана во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево, додека нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране. Потопло утрово беше во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија со 2 степени, како и во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид каде се измерени 3 степени.
Снежна покривка има на Попова Шапка каде се измерени 88 сантиметри снег.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен, особено во претпладневните часови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.
