Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -4 степени.
Следуваат -2 во Маврови Анови, -1 Попова Шапка, Крива Паланка, Лазарополе, 0 Битола, Тетово, Kрушево, 1 Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес, Претор, 2 Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци, Гевгелија, 3 Виница, Штип, Тополчани, Демир Капија, 4 Скопје-Зајчев Рид,
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 см.
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
