Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -4 степени.
Следуваат -2 Битола, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Mаврови Анови, 0 Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија, Штип, 1 Куманово, Прилеп, Охрид, Претор, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Kрушево, 4 Виница.
На Попова Шапка измерени се 58 cm снежна покривка.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
