Утрово најниските температури во земјава се движеа од -2 до 8 степени Целзиусови. Најстудено беше во Берово со -2, а по него следуваат Попова Шапка со -1, како и Битола, Крива Паланка и Лазарополе со 0 степени. Во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Куманово утринската температура изнесуваше 2 степени, во Прилеп 3, а во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Демир Капија и Виница се измерени 4 степени.
Во Штип, Велес, Кавадарци и Охрид температурата достигна 5 степени, во Претор 6, а најтопло утрово беше во Тетово и Гевгелија, каде се измерени 8 степени.
Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 18 степени.