Утрово најстудено во Крушево, измерени -8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрото низ Македонија беше ведро и многу студено, со минимални температури под нулата во поголемиот дел од земјата. Најстудено е измерено во Крушево со -8 степени, додека -7 степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка. Во Тетово минималната температура изнесуваше -6 степени, а -5 степени се измерени во Претор, Охрид и на Попова Шапка.

Во Виница утрото започна со -4 степени, додека во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Куманово беа измерени -3 степени. Во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Демир Капија температурата се спушти до -2 степени, во Штип до -1, а најтопло утрово беше во Гевгелија со 3 степени над нулата.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 6 степени.