Утрово најстудено е во Маврови Анови и Лазарополе каде се измерени 5 степени.
6 степени има во Крушево, 8 во Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 9 во Тетово, Куманово, Охрид, 10 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 11 во Скопје–Петровец, Велес, Демир Капија.
Најмногу дожд има во Крива Паланка каде се измерени 9 l/m2, 7 l/m2 во Берово, Крушево, Кавадарци, Лазарополе, 6 l/m2 Прилеп, Штип, Виница, 5 l/m2 Претор, Битола, Маврови Анови, 4 l/m2 во Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, Пожаране, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 l/m2 во Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Велес, Ѓуриште и 1 l/m2 во Демир Капија, Струмица, Гевгелија.
Претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
