Утрово најстудено е во Маврови Анови и Лазарополе каде температурата е 5 степени.
Следуваат 6 степени во Крушево, 8 во Охрид, Претор, Прилеп, Берово, 9 во Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово, Битола, 10 во Куманово, Виница, Кавадарци, 11 во Струмица, 12 во Штип, Велес, Гевгелија, 13 во Демир Капија.
Најмногу дожд изминатите 24 часа има во Крушево каде се измерени 34 l/m2.
30 l/m2 во Претор, 28 во Маврови Анови, 23 во Лазарополе, 18 во Прилеп, Пожаране, 16 во Берово, 14 во Тополчани, 12 Пожар-Радовиш, 11 Струмица, Попова Шапка, 10 Виница, 9 Тетово, Битола, 8 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 7 Ѓуриште, 6 Скопје–Петровец, Штип, 5 Крива Паланка, Демир Капија, 4 Велес, Кавадарци.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
