Утрово најстудено во Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е на Попова Шапка, Маврови Анови, Лазарополе каде се измерени 2 степени.

По нив следува и:

4 степени во Крушево, 5 во Претор, Тетово, 7 во Берово, Крива Паланка, Охрид, 8 во Битола, 9 во Виница, 10 во Штип, Куманово, Струмица, Велес, Кавадарци, 12 во Скопје-Петровец, Гевгелија, Демир Капија.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од Котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.