Утрово најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово, измерени -4 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово, измерени -4 степени.

По нив следуваат и -3 степени во Тетово, Велес, Демир Капија, -2 Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци, Прилеп, 0 Претор, Mаврови Анови, 1 Крива Паланка, Гевгелија, Виница, Попова Шапка, 2 Охрид, 4 Kрушево.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делелови ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.