Утрово од дискотека во градски парк приведен скопјанец, кај него пронајдена дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 10.07.2021 година околу 04 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С. од Скопје, кај кого биле пронајдени наркотични средства. Лицето било забележано во дискотека во градски парк и се обидело да избега, но набргу е приведено во ПС Карпош.

При неговото приведување, полициските службеници биле попречувани од М.К..

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.