Утрово во Демир Капија измерени 14 степени, најмногу дожд наврна во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај тоа што сме во десетиот ден од ноември, во Демир Капија утрово беа измерени 14 степени. Гевгелија и Струмица 13, Велес 12, во Скопје, Кавадарци, Виница и Куманово беа измерени 11 степени.

Најмногу дожд наврна во Струмица, 42 литри во метар квадратен. Потоа следуваат Гевгелија, Радовиш, Претор…

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

42 Струмица, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.