Утрово зголемен број на возила на ГП Богородица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово е забележан зголемен интензитет на возила на ГП Богородица за излез кон соседна Грција.

Овој граничен премин беше вчера затворен на неколку часа поради пожар и поради затворањето на ГП Евзони од грчка страна.

Возилата беа насочувани кон ГП Дојран, но по отварањето повторно е зголемен интензитетот на возила.

На другите гранични премини нема поголеми задржувања.