Нов напад на Ајкула во Тексас, САД кога животното нападнало жена која пливала во плитко. Инцидентот се случил на островот Саут Падре.
Веднаш се појави и снимката од ужасот, на кој се гледа како спасувачите ја извлекуваат несреќната жена додека крвари, а ајкулата плива во близина.
Се претпоставува дека уште неколку лица во моментот на нападот биле во водата.
„Деталите во моментов укажуваат дека две лица се каснати, а две лица налетаа на ајкула, но не се сериозно повредени“, се вели во соопштението.
Службата за паркови и диви животни во Тексас рече дека средбите со ајкули од овој тип не се вообичаена појава во Тексас.
