Ужас во Австрија: Пукање во училиште, најмалку пет загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според првичните извештаи, во училиште во Грац се случила пукотница. Австриските медиуми известуваат дека има жртви, но ова сè уште не е официјално потврдено. Станува збор за училиштето Борг Драјершиценгасе. Некои медиуми јавија дека бројката на загинати е пет лица, и покрај тоа што првично беше објавено дека станува збор за едно лице.

Според првичните информации, сторителот бил застрелан.

„Во моментов има полициска акција во Грац. Ве молиме следете ги инструкциите од полицијата“, стои во соопштението на австриската полиција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.