Долгогодишниот фудбалски судија во БиХ А.К. ја убил својата поранешна девојка во Мостар. Жртвата наводно стигна во Мостар во потрага по работа, а била убиена на Плоштадот „Иван Крндељ“.
Мажот ја следел од автобуската станица, а потоа ја убил во тоалетот во угостителски објект. Медиумите во БиХ наведуваат дека станува збор за судијата А.К. (33) кој ја застрелал својата поранешна девојка А.Ј. (32).
Според реконструкцијата на настанот, А.Ј. ја напуштила автобуска постојка додека напаѓачот ја следел со автомобил. Кога забележал дека влегува во угостителскиот објект, го паркирал возилото на околу 50 метри и ја следел. Девојката успеала да се сокрие во тоалетот, но тој ја пронашол таму и ја застрелал. Потоа се обидел да се самоубие, но пиштолот му се заглавил.
Напаѓачот е А.К., долгогодишен фудбалски судија кој судел натпревари од Првата лига на ФБиХ. Убиената девојка, по потекло од Калесија, дошла во Мостар по вработување. Таа наводно некое време добивала закани, но не ги пријавувала.
Дежурната обвинителка на Обвинителството на херцеговачко-неретванскиот кантон Весна Прањиќ, рече дека девојката не ги пријавила заканите, најверојатно мислејќи дека се само за заплашување.
„Вечерта девојката заминала на фитнес, тој ја начекал и физички ја нападнал, а потоа го извадил пиштолот. Таа трчала кон хотел да се спаси, но тој ја усмртил“, рече таа.
