Хрватските медиуми пренесуваат дека вечерва во населбата Канак во Сисак, машко лице пукало од калашников, и притоа ранило неколку лица.
Населбата веднаш била блокирана и стигнале полициски екипи. Деталите и натаму се непознати.
Повредени биле неколку лица, а нема информации за загинати, а не е позната ниту судбината на напаѓачот.
Сведоци јавиле дека покрај пукањето, напаѓачот запалил и две куќи. Повеќе информации во текот на вечерта.
