Ужас во САД: Авион се урна врз куќи (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион од типот Цесна 421Ц, се урна врз неколку куќи ноќеска во близина на аеродромот „Траутдејл“ источно од Портланд. Моментално не е познато колку луѓе се наоѓале во авионот, и дали има жртви на земја.

Шефот на противпожарната служба Скот Луис изјави дека пожарот се проширил на четири куќи, и дека пет семејства најверојатно ќе останат без дом.

Додаде дека првиот извештај покажал дека во авионот биле двајца патници, и дека се трага по едно лице.

Помош побарале две лица од куќите, додека во авионот не е пронајдена ниту една жртва.