В недела по 16-ти пат Скопски маратон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вчерашната емисија „Урбан таг“ гостинка во студиото Гордана Кузмановска Николовска, дел од организацијата на Скопскиот маратон кој треба да се случи во недела.

Таа вели дека настаните, како и во светот, така и кај нас претрпеле промени, па затоа закажаниот Скопски маратон за 10 мај бил откажан и презакажан за 4 октомври.

„Во меѓувреме подготвивме одлични протоколи, добивме одобрение од Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство“, посочува Кузмановска-Николовска.