Вака изгледаат лажните пораки од „Безбеден град“ за кои МВР предупредува да не се отвораат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР денеска ги предупреди граѓаните да не отвораат пораки добиени во врска со „Безбеден град“ бидејќи се лажни.

Пораките имаат со цел да направат „фишинг“ и да дојдат до личните податоци на жртвите, преку СМС, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

Во пораките, граѓаните наводно се известуваат за сторен прекршок регистриран од „Безбеден град“, а особено е важно да не се кликнува на лажниот линк за уплата кој е прикажан, велат од МВР.

Од Министерството апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при користење на интернет и да не отвораат сомнителни линкови и пораки, како и никогаш да не споделуваат лични податоци, особено броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори.

Од МВР појаснија дека СМС известувањата за направен сообраќаен прекршок се испраќаат исклучиво од испраќач „MVR-SC“, при што пораката задолжително ја содржи регистарската ознака на возилото и линкот од форматот:  https://safecountry.mvr.gov.mk/