Новогодишните празници се ближат а условите за патување во европските држави стануваат се по рестриктивни. Можеби поради тоа нашите граѓани кои живеат во странство нема да ги посетат нивните семејства во текот на зимските одмори. Тв21 разговараше со наш граѓанин кој живее во Швајцарија.
„Ова одлука на швајцарската влада е многу несоодветна бидејќи иако ги имаш вакцините мораш при враќање да направиш тест, не само за себе туку за сите членови на семејството кои имаат над 16 години, и тоа е голем трошок, потоа по 4 или 7 дена треба повторно да направиш тест и сето тоа треба сами да платиме. Сметам дека тоа ќе биде причина нашите печалбари годинава, нема да кажам дека нема да одат, туку многу мал број ќе одат во родното место“, истакна Касам Селими.
Иако сте примиле две дози на анти ковид вакцината, неколку држави дополнително бараат и ПЦР негативен тест или антиген. Вакви услови имаат Швајцарија, Италија, Франција, Холандија и Белгија. Граѓаните кои патуваат во Белгија одат во 7 дневен карантин и им се прават 2 теста, еден во првиот и еден во седмиот ден, и доколку лицето е негативен на вирусот, тогаш може да излезе од карантин. Италија направи листа на неколку држави според индексот на корона, вклучувајќи ги и Косово и Македонија. Кој и да влезе во Италија од овие држави, оди во карантин (самоизолација) 10дена.
Нашите граѓани можат да патуваат само со вакцина или негативен тест во соседните земји, Турција и Дубаи, рече претставничката на туристичките агенции, Ана Марија Алексова. Условите за влез во нашата земја се негативен тест или целосна имунизација против Ковид-19.
„Евростат“ објави податоци за авионските патувања во 2020 година во 27-те земји членки на ЕУ. Податоците покажуваат дека бројот на патници на авиокомпании во Европската унија (ЕУ) е намален за 73,3% во 2020 година, кога изби пандемијата на коронавирус, во споредба со претходната година. И Алексова, сопственичка на туристичка агенција, вели дека значително е намален бројот на резервации.
