Компанијата „АстраЗенека“ денеска соопшти дека вакцината што ја развива против коронавирусот може да биде ефикасна во 90 проценти од случаите и дека нема никакви несакани ефекти, а британскиот премиер, Борис Џонсон, оваа вест ја оцени како „фантастична“. Британските медиуми пренесуваат дека со оваа информација компанијата „АстраЗенека“ стана уште една во низата фармацевтски гиганти кои објавија позитивни податоци во врска со вакцината што ја развиваат за борба против коронавирусот. Претходно, тоа го објавија компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и руската Гамалеја“, која ја развива вакцината „Спутник V“.
„Мора да се добие дозвола од регулаторот и го нагласувам тоа бидејќи регулаторот за лекови е независен и ригоризни се. Тие се едни од најдобрите светски регулатори. Ќе бидат многу внимателни при проверката на податоците, како би се увериле дека ова е сигурно. По одобрувањето, ние се надеваме дека со вакцинацијата може да започнеме наредниот месец. Поголема количина преку процесот на вакцинација би се осигурал во јануари, февруари, март па се надеваме дека по Велигден, работите ќе започнат да се враќаат во нормала. Ова се навистина многу позитивни вести, како што реков во една комбинација од доза, може да се постигне ефикасност од 90%, а 70% е просечна.“, рече Мет Ханок, министер за здравство на Велика Британија.
