Вакцинирани уште 25 здравствени работници од Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во модуларниот центар кај Инфективната клиника во Скопје денеска првата доза вакцина против Ковид-19 ја прими втората група здравствени работници од Општата болница со проширена дејност од Дебар.

Станува збор за 25 здравствени работници, неколку од Ковид центарот при Инфективното одделение, а другите се од Брзата помош, лабораторијата, ренген службата, кои непосрдно се вклучени во третирањето на ковид пацентите.Меѓу оние кои ја примија првата доза е и младиот доктор Арбијон Колари кој во третирањето на ковид пацентите вклучен од август минатата година.

-Се чуствувам среќен што можев да се вакцинирам и изразувам жал за сите тие жртви од Ковид-19 што не го дочекаа овој ден. И јас и моите колеги кои се вакциниравме се чувствуваме добро. Порачувам никој да не се двоуми туку при дадена прилика веднаш да се вакцинира, порача доктор Колари.

Пред два дена првата доза од вакцината ја примија 11 здравствени работници од дебарската болница, кои се непосредно ангажрани во ковид центарот.

Инаку, по три дена, вчера во Дебар беа реагистран три нови случаи со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, во овааи општина Центар Жупа, вкупната бројка на заразени изнесува 791, активни на болеста се 40 додека битката со опасниот вирус ја загубиле четресеттина лица.

Во ковид центарот во Инфективното одделение, се хоспитализирани четврица пациенти, сите на кислородна подршка, но во стабилна состојба, амбулантски се третираат пет лица, додека остантите се лекуваат во домашни услови.