Лицата кои ги примиле двете дози на вакцини, не мора да носат повеќе заштитни маски или да ги применуваат мерките за социјална дистанца во затворен или отворен простор, освен во посебни околности, објави денеска американскиот Центар за контрола и првенција на болестите.
Доколку сте целосно вакцинирани може повторно да правите работи кои сте ги прекинале поради пандемијата, рече директорката Центра Рошел Валенски на брифингот во Белата куќа.
„Долго го чекавме овој момент, кога можеме да се вратиме на некое ново чувство на нормалност“, наведе таа.
