Без речиси никакаво поместување завршиле и вчерашните поединечни обиди на медијатортот на Европската комисија Питер Ванхауте за приближување на позициите на партиите потписнички на договорот од Пржино околу ингеренциите на министрите на опозицијата во Владата на Груевски, објави 24Вести.
Се уште нема договор за т.н. изборно вето на замениците, односно кој период да се смета за почеток на организирање на изборите, при што замениците ќе можат да ги оспорат одлуките на министрите.
Викендов нема да има преговори бидејќи олеснувачот Ванхауте е во Брисел. Тој за телевизијата изјави дека заминал поради дополнителни консултациии.