Вашингтон се соочува со можна блокада на владата, преговорите сè уште без решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вашингтон се подготвува за евентуално затворање на федералната влада денес, бидејќи републиканците и демократите веројатно нема да постигнат договор за продолжување на финансирањето, кое истекува на полноќ, објавува Ројтерс.

Сенатот, кој е контролиран од републиканците, ќе гласа по втор пат за привремениот буџет, кој веќе еднаш беше отфрлен.

Демократите сакаат да ги продолжат здравствените бенефиции за милиони Американци кои се пред истекување, но републиканците велат дека тоа мора да се решава одделно.